Достапни линкови

Продолжува наставата во училиштата


Министерството за образование ги известува родителите и учениците дека од денеска наставата ќе продолжи, како што се наведува, нормално да се реализира во сите училишта во Македонија. До ова дојде откако министерствата за образование и за труд и Синдикатот за образование, наука и култура по неколкудневни интензивни преговори постигнале взаемно прифатлива спогодба во однос на сите прашања. „Врз основа на спогодбата, одлуката на СОНК за генерален штрајк се става надвор од сила, а истовремено продолжуваат преговорите во рамките на социјалниот дијалог“, наведува министерството за образование.

XS
SM
MD
LG