Достапни линкови

Реакција на обвинителството за објавените снимки


Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Јавниот обвинител Марко Зврлевски

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, согласно своите овластувања ќе изврши проверки во врска со фактите и околностите под кои материјалите од средбата меѓу Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски и лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев, дошле до медиумите, се вели во соопштението од оваа институција.

„Јавното обвинителство на Република Македонија цени дека е неопходно да нагласи оти објавувањето на материјали кои што може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со Закон. Затоа, предупредуваме веднаш да запре објавувањето и емитувањето на ваквите материјали. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција упати Барање до МВР на РМ да стапи во контакт со мрежата на која беше објавен материјалот за негово отстранување, како и отстранување на сите слични материјали кои би се појавиле во иднина“, стои во соопштението.

XS
SM
MD
LG