Достапни линкови

АИ: Србија и Хрватска сами да ги истражат воените злосторства


Амнести интернешнл денеска по пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека ниту Србија, ниту Хрватска не сториле геноцид, ги повика двете земји да ги истражат сите случаи на осомничени за воени злосторства и да обезбедат правда за жртвите.

Фактот дека Судот за ниту една страна не успеа да утврди намера за извршување геноцид, не го менува фактот, како што и Судот сам призна, дека поединци од двете страни извршиле злосторства против човештвото и воени злосторства, изјави Џон Далхуисен, директот на Амнести интернешнал за Европа и централна Азија.

Србија и Хрватска мораат да ги концентираат напорите да ја утврдат одговорноста за злосторствата против човештвото и воените злосторства и да обезбедат обесштетување за жртвите на нацинално ниво, се вели во соопштението.

XS
SM
MD
LG