Достапни линкови

Утре Ципрас оди на средба со Јункер


Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, изрази подготвеност за диајлог со Грција, 24 часа пред средбата со новиот грчки премиер Алексис Ципрас. Тој нагласи дека не може се да биде изменето во Европа по преземањето на власта од страна на левицата во Атина. Ќе треба да промениме некои од нашите политики, рече јункер, но нема да промениме се заради изборен резултат, истакна Јункер пред европратениците. Ципрас утре ќе се сретне со Јункер пред да замине во Париз. Јункер и Ципрас веќе имаа во саботата телефонски разговор и Јункер призна дека разговорот бил „тежок“.

XS
SM
MD
LG