Достапни линкови

Украинската влада: Сепартистите не собориле никакви авиони


A Ukrainian SU-25 plane

A Ukrainian SU-25 plane

Украинските официјални лица ги негираат тврдењата на сепаратистите во источниот регион Луганск дека собориле два украински воени авиони. Портпаролот на украинската армија, Олександр Мотузјанук, денеска ги отфрли тврдењата и рече дека сепаратистите не собориле никакви украински авиони.

Неговата изјава дојде неколку часа по тврдењата на лидерот на самопрогласената Народна Република Луганск, Игор Плотнитски, дека под негова контрола е соборен СУ – 25 авион, кој им давал воздушна поддршка на трупите на терен. Плотнитски рече дека пилотот се катапултирал од авионот пред да се урне во близина на градот Ирмино.

Претходно, проруските сепаратисти, кои контролираат делови од источниот регион Доњецк, тврдеа дека собориле друг украински воен авион, во близината на градот Дебалцеве што го контролира владата.

XS
SM
MD
LG