Достапни линкови

logo-print

СДСМ ќе поднесе кривична пријава против премиерот Груевски


Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на прес – конференција соопшти дека ќе поднесе кривична пријава против Никола Груевски, за неовластено снимање и прислушување. Портпапаролот на СДСМ, Петре Шилегов, изјави дека согласно член 151 и член 152 од Кривичниот законик, неовластеното прислушување и снимање не е дозволено, што значи дека Никола Груевски го прекршил законот, рече тој, додавајќи дека доколку постоеле посебни истражни мерки, сторено е кривично дело согласно членовите 360 и 360а од Кривичниот законик – оддавање на службена тајна.

„Сега на потег е Јавното обвинителство. Ајде да видиме како ќе постапи кога станува збор за Никола Груевски. Груевски, пак, треба да одговори од кога е следен лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Претседателот на СДСМ јавно соопшти дека уште за време на криминалните избори минатата година, во разговор со Никола Груевски побарал одговори дали е следен и дали е под посебнни мерки од Министерството за внатрешни работи? Иако Груевски посочил дека не е информиран и дека ќе ја консултира Гордана Јанкуловска, до денес воопшто се нема произнесено за овој скандал“, вели Шилегов.

XS
SM
MD
LG