Достапни линкови

САД и сојузниците извршија воздушни напади во Сирија и Ирак


Американските и сојузничките сили во текот на изминатите 24 часа, извршија воздушни напади врз 14 позиции на Исламската држава во Сирија и Ирак. Заедничката работна група што ја водеше операцијата, соопшти дека во ирачките градови Тал Афар, Фалуџа и Мосул се погодени тактички единици и возила, а во Сирија во близина на Хасака е погодена опрема за нафта и во уште еден напад во Рака се уништени возила и згради.

Во уште два напади се погодени тактички единици на Исламската држава во близина на градот Кобани во Сирија. Во меѓувреме курдските претставници и активисти изјавија дека нивините борци заземале неколку села во близината на Кобани.

Милитантите на Исламската држава завземаа големи делови од Кобани и околината во средината на септември, принудувајќи десетици илјади курди да избегаат во сеседната Турција. Курдите неколку месеци се борат да го заземат Кобани, со помош на воените напади на сојузниците.

XS
SM
MD
LG