Достапни линкови

Одложено сослушувањето на рускиот опозициски лидер


Судот во Русија за 12 февруари го одложи сослушувањето на лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, за неговиот предизвик против пресудата за блокирање на пристапот до неговиот блог во Русија.

Расправате беше закажана за денес, но окружниот суд во Таганка ја одложи, бидејќи претставникот на Јавното обвинителство не се појави. Навални ја оспорува одлуката на рускиот медиумски регулатор да ја блокира неговата веб страница, по барање на јавното обвинителство.

Навални за ограничувањето рече дека е незаконско и поднесе жалба. Регулаторното тело претходно блокираше неколку страници од блогот на Навални, бидејќи ги сметаше за нелегални.Навални на почетокот на јануари ги користеше социјалните мрежи за да повика на масовни демонстрации на 1 март во Русија.

Навални на 30 декември беше осуден на 3 и пол годишна условна казна за измама и судот нареди да остане во домашен притвор се додека сите жалбени постапки не бидат исцрпени.

XS
SM
MD
LG