Достапни линкови

Повици за линч и медиумско лудило


Архивска фотографија - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на рочиштето кое против него го водеше премиерот Никола Груевски за случајот „Македонска банка“.

Архивска фотографија - Претседателот на СДСМ, Зоран Заев на рочиштето кое против него го водеше премиерот Никола Груевски за случајот „Македонска банка“.

Повиците за линч на лидерот на СДСМ, преплавеноста на медиумите со клевети, навреди, извртени информации, недовербата во институциите, полициски акции кои предвреме се детерминирани, се со цел да се манипулира со јавноста.

Повици за линч и за затварање на лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев се појавија на интернет по објавувањето на видео од неговиот разговор со премиерот Никола Груевски. Тие на средбата разговараат за тоа од каде му се набавени доказите на Заев против власта. Заев во коментарите е окарактеризиран како предавник и шпион кој не заслужува да живее.

Сметам дека тоа не е направено случајно, дека има тенденција. Тенденцијата е присутна од самиот почеток за да се создаде одреден став кај граѓаните, да се манипулира со нивното размислување и со нивната свест.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска вели дека тоа е последици на кршењето на презумпцијата на невиност по она што се сервираше во јавноста, особено присутно во случаи со политичка позадина. Според неа, не случајно се коментира и забележува дека треба да се води сметка за материјалите и документацијата која ќе биде предмет на одлучување на обвинителството.

Во Саботата протестираа граѓани незадоволни од постапките на обвинитетите во акцијата „Пуч“ .

Во Саботата протестираа граѓани незадоволни од постапките на обвинитетите во акцијата „Пуч“ .

„Сметам дека тоа не е направено случајно, дека има тенденција. Тенденцијата е присутна од самиот почеток за да се создаде одреден став кај граѓаните, да се манипулира со нивното размислување и со нивната свест. Сведоци сме на тоа веќе подолг временски период, дека преку провладините медиуми се шират информации кои имаат за цел да предизвикаат токму таква реакција кај граѓаните.“

Медиумите се главното оружје за пресметка меѓу партиите и ако се продолжи со ова темпо Македонија дефинитивно станува држава на медиумско лудило. Голем проблем е и недовербата во институциите кои по закон се одговорни да реагираат.

Директорката на МИМ, Билјана Петковска вели дека деновиве медиумите се преплавени со клевети, навреди и дискриминација по различни основи проследени со линч за политичари, експерти и поддржувачи на политички партии. Според неа граѓаните се уплашени, бидејќи немаат пристап до веродостојни информации, поради искривената слика во медиумите.

„Медиумите се главното оружје за пресметка меѓу партиите и ако се продолжи со ова темпо Македонија дефинитивно станува држава на медиумско лудило. Голем проблем е и недовербата во институциите кои по закон се одговорни да реагираат, пред се Обвинителството, а и Агенцијата за медиуми од аспект на доследно спроведување на медиумската легислатива.“

Според Пировска, самиот назив на полициската акција „Пуч“ и сето ова што се случува може да има длабоки последици во однос на натамошната постапка против Заев.

„Не случајно ние во многу наврати кога сме коментирале за кршење на принципот на презумпција на невиност сме коментирале и во насока дека тоа претставува своевидно праќање на порака до правосудните органи како понатаму треба да одлучуваат. По големите операции кои беа спроведени од страна на Министерството за внатрешни работи и тоа за случаи кои навистина беа деликатни и коишто имаа политичка заднина, добиваа имиња кои од самиот старт создаваат одредена слика кај граѓаните.“

Во меѓувреме од МАН ги повикаа медиумите да бидат одговорни и да го почитуваат законот кој наложува да не се објавуваат материјали и видео снимки кои се незаконски создадени и прибавени. Оттаму велат дека нема да поднесат кривични пријави против медиумите кои го објавија видеото од кабинетот на премиерот, бидејќи за последиците тие самите се одговорни. Од МВР велат доколку обвинителството цени оти има потреба тие ќе покренат постапка против медиумите.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG