Достапни линкови

Во два напади загинаа шест полицајци во Авганистан


Шест полицајци се убиени во неколку одделни напади во јужен Авганистан. Локалниот официјален претставник, Омар Цвак, изјави дека денеска најмалку двајца полициајци се убиени и петмина се повредени, кога бомбаш самоубиец со автомобил удрил во конвој во јужната провинција Лашкар Гах.

Талибанците ја презедоа одговорноста за нападот. Во јужната провинција Орузган, полицискиот претставник Гулаб Хан рече дека четворица полицајци се убиени и тојца повредени, кога десетици талибански милитанти ги нападнале нивните позиции во областа Чарчено. Некој не презема одговорност за овој напад.

Талибанските борци ги засилија нападите откако САД и НАТО формално ги завршија борбените мисии на крајот на 2014 година. Авганистанските трупи ја презедоа одговорноста за безбедноста на земјата. Но, неколку илјади труби, главно американски, се уште се во Авганистан.

XS
SM
MD
LG