Достапни линкови

Прва средба меѓу Столтенберг и Лавров


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, наскоро ќе се сретне со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, за прв пат откако Столтенберг стана шеф на алијансата на 1 октомври.

Портпаролот на НАТО, Оана Лунгеску, денеска соопшти дека Столтенберг и Лавров ќе одржат билатерални разговори за време на тридневната конференција за безбедност во Минхен, која ќе започне на 6 февруари.

Руската анексија нја Крим и конфликтот во источниот дел на Украина, предизвика тензии до нависока точка меѓу Русија и НАТО, од крајот на Студената војна.

Борбите ескалираа во последните неколку недели, а Обединетите Нации денеска соопштија дека од април минатата година во конфликтот се убиени најмалку 5385 луѓе. Столтенберг исто така ќе одржи средба со украинскиот претседател, Петро Порошенко.

XS
SM
MD
LG