Достапни линкови

logo-print

Загинаа двајца војници во Пакистан


Најмалку двајца припадници на пакистанските безбедносни сили загинаа, кога нивното возило налетало на нагазна мина во немирниот северозападен регион. Официјалните лица изјавија дека бомбата експлодирала денеска во селото Вармагаи, во племенските области. Безбедносните сили убиле двајца милитанти при претресот за време на операцијата, по експлозијата на бомбата.

Пакистанските Талибанци ја презедоа одговорноста за нападот. Племенските области што се граничат со Авганистан станаа прибежиште за исламистички милитанти, како последица на инвазијата на САД во 2001 година. Пакистан започна офанзива во јуни 2014 година за да ги исчисти милитантите од Северен Вазиристан. Војската ја интенвизираше офанзивата против Талибанците откако на 16 декември во северниот град Пешавар убија 151 луѓе, речиси сите од нив деца.

XS
SM
MD
LG