Достапни линкови

Србија и Хрватска не спровеле геноцид, оцени судот во Хаг


Хаг, 03.02.2015

Хаг, 03.02.2015

Меѓународниот суд за правда во Хаг пресуди дека Србија не спровела геноцид против Хрватите, ниту пак Хрватска против Србите за време на војната од 1991-ва до 1995-та година, кога Хрватска се одвои од тогашна Југославија. Петер Томка, претседател на судот, соопшти дека судот оценил оти српските и хрватските сили сториле многу злосторства за време на конфликтот, но оти ниту во едниот, ниту во другиот случај, не станува збор за геноцид.

Двете земји меѓусебно се обвинуваа за геноцид за време на војната во 90-тите години и поднесоа тужби до Меѓународниот суд на правдата во Хаг.

XS
SM
MD
LG