Достапни линкови

Го урнаа стариот дрвен мост во Струга, а нов не направија


Локалните власти во 2011 година утврдиле дека состојбата на мостот е лоша и оти поправката ќе чини исто колку и изградбата на нов мост. Стариот го урнаа, а нов не направија.

Струга во 2011 година остана без нејзиниот симбол, дрвениот мост којшто беше срушен под образложение дека истиот не е безбеден за минување и оти на тоа место ќе се изгради нов мост кој ќе ги поврзува двете страни на реката Црни Дрим. Но, до денес на тоа место се само железните конструкции кои потсетуваат на убавите денови. Градежните работи на мостот кој почнал да се гради во 1987 година биле завршени за само една година. Со финансиска помош на тогашната централна власт, мостот го градела фирмата Југодрво.

Според записникот на комисијата било решено мостот да се отстрани под образложение дека тој е ризичен и опасен за граѓаните. Тоа ни се случи и сега го нема мостот. Имаше и идејно решение за нов мост но тој никогаш не се реализираше.
Ресул Хани, раководител на секторот за урбанизам во општина Струга.

„Неколку се зборовите со кои на некому почнуваме да му ја опишуваме Струга. Дрим, езерото, луѓето, плажите и мостовите. Висечкиот, маларичниот, железничкиот и чаршискиот мост кои се од историјата и сегашните чаршискиот, мостот на магистралниот пат, дрвениот мост на устата на Црн Дрим, мостот на поезијата“, рече Христијан Томаноски од невладиниот сектор во Струга.

Дрвениот мост беше една многу убава работа која и се случи на Струга, вели Ресул Хани, раководител на секторот за урбанизам во општина Струга.

Тој мост беше симбол на градот. Мостот бил граден од дрво кој барал подобро одржување и повеќе грижа. Јас ја обвинувам тогашната локална власт која требала подобро да се грижи за мостот. И таа не грижа е причина мостот да не е денес тука.
Ардит Дика, архитект.

„Но, од тоа време до денес се случија неколку лоши дела кои ние како граѓани треба да ги критикуваме бидејќи градењето на овој мост беше една традиционална архитектура. Во 2011 година од страна на тогашните власти во општината била формирана комисија кој имала за цел да ја констатираат состојбата со мостот. Истата утврдилa дека состојба на мостот во тоа време е лоша и дека висината на неопходните средства биле исти и во ситуација да се гради нов мост и да се реновира постоечкиот. Според записникот на комисијата било решено мостот да се отстрани под образложение дека тој е ризичен и опасен за граѓаните. Тоа ни се случи и сега го нема мостот. Имаше и идејно решение за нов мост но тој никогаш не се реализираше“, рече Хани.

Според експертите, причина за пропаѓањето на мостот било не водењето грижа за негова заштита во изминатите години бидејки при изградбата на мостот пишувало дека два пати во годината мостот да се премачкува со емулзија.

„Тој мост беше симбол на градот. Мостот бил граден од дрво кој барал подобро одржување и повеќе грижа. Јас ја обвинувам тогашната локална власт која требала подобро да се грижи за мостот. И таа не грижа е причина мостот да не е денес тука“, рече Ардит Дика, архитект од Струга.

Градоначалникот Зијадин Села вели дека ќе работи на тоа мостот да биде направен, не истиот мост, бидејки ако биде изграден истиот, вели тој, тогаш ќе се вратиме назад. Ќе биде објавен конкурс за најдобро идејно решение. Поради не постоењето на мостот сега стружани се принудени да вртат цел еден круг за да стигнат на другата страна на реката.

Во организација на Центарот на заедницата на Општина Струга неодамна се одржа дебата на тема Кај ни е мостот и дали ни треба.

XS
SM
MD
LG