Достапни линкови

Милитантите на ИД се повлекуваат и од околина на Кобани


Курдските борци во Сирија поддржани од воздушни напади што ги предводат Соединетите држави, постигнале значителен напредок против милитантите на Исламската држава во околината на сирискиот град Кобани. Според курдските борци, милитантите биле во целосен колапс исе повлекувале од селата во близина на Кобани. Во меѓувреме, е соопштено дека сојузниците вчера извршиле 27 воздушни напади врз позиции на милитантите на Исламската држава во Сирија и во Ирак.

XS
SM
MD
LG