Достапни линкови

Времето денеска: променливо


Во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне повторно ќе настапи зголемување на облачноста кое во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд и снег. Преку ден ќе дува слаб, а во југозападните делови умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од три до 11 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

XS
SM
MD
LG