Достапни линкови

logo-print

Објавен разговор од средба меѓу Груевски и Заев


Медиумите вечерва објавија видео снимка, поставена на каналот Јутјуб, од разговор меѓу премиерот, Никола Груевски и лидерот на опозицијата, Зоран Заев. На снимката со слаб квалитет, наводно лидерот на СДСМ, Заев му вели на премиерот дека снимките ги добил од странски тајни служби.

Премиерот Никола Груевски во саботата соопшти дека лидерот на опозицијата барал формирање на техничка влада, заканувајќи му се со снимени телефонски разговори кои може да го компромитираат државниот врв.

Груевски информираше дека од септември до ноември четири пати се сретнал со Заев. На средбите, лидерот на опозицијата побарал формирање техничка влада, но оти тој не прифаќа закани, уцени и местенки.


XS
SM
MD
LG