Достапни линкови

Ердоган најави искоренување на приврзаниците на Ѓулен


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска вети дека во правосудството ќе ги искорени, како што рече, „клетките на рак“, со што покрена нов напад против приврзаниците на својот ривал, имамот Фетулах Ѓулен.

Ердоган ги обвинува приврзаниците на Ѓулен во правосудството дека стојат зад истрагата за корупција, која ја раздрма турската влада додека тој беше премиер, во декември 2013 година. Упатувајќи нови критики кон нив Ердоган изјави дека „бандата се обидела да изврши државен удар врз владата со средства, кои им се обезбедени за безбедноста на земјата и интересите на правдата“.

Ѓулен е поранешен соработник на Ердоган и во моментов живее во САД. Тој остро ги демантираше обвиненијата на претседателот. Илјадници негови приврзаници и натаму имаат влијателни функции на високи позиции во полицијата и правосудството.

XS
SM
MD
LG