Достапни линкови

Азербејџан започна воена вежба


Азербејџан започна воена вежба за време на ескалацијата на тензиите со соседна Ерменија. Министерството за одбрана во Баку вели дека во маневрите што започнаа денеска, се вклучени 20 илјади воници, 300 окопни возила и 200 ракетни фрлачи и артилериски единици и повеќе од 20 авиони.

Министерот за одбрана, Захир Хасанов и началникот на Генералштабот, Накмадин Садиков се во командата на вежбите, во кои се вклучени сите гранки на воените сили во Азербејџан. Министерството не прецизираше колку ќе траат вежбите. Двете земји меѓусебно се обвинија за прекршување на договорот за прекин на огнот. Во последните недели, се еубиени неколку војници на двете страни.

Односите меѓу Баку и Јереван се напнати речиси 25 години, како резултат на конфликтот околу азербејџанскиот сепаратистички регион, Нагорно Карабах. Сепаратистите поддржани од Ерменија за време на војната во 90-тите во која беа убиени повеќе од 30.000 луѓе, го завземаа регионот кој е населен главно од Ерменци од Азербејџан.

XS
SM
MD
LG