Достапни линкови

logo-print

Турција депортираше 173 осомничени џихадисти


Минатиот месец од Турција биле депортирани вкупно 173 осомничени џихадисти, од кои повеќето државјани на земји од Европската унија, соопштија турските власти.

Весникот „Хуриет дејли њуз“ пишува дека од почетокот на годинава Турција ги зајакнала безбедносните мерки на аеродромите, граничните премини и пристаништа, каде се отворени и специјални простории за сослушување. Мерките се воведени по нападите во Франција минатиот месец.

Уапсените се осомничените за поврзаност со терористички организации и биле сослушувани од полициски и разузнавачки екипи за борба против тероризмот во Турција. Предвидено е доколку при распитот се утврди дека тие имаат врска со нелегални организации, тогаш турските власти прво се консултираат со раководството во земјите од каде што пристигнале приведените, а потоа ги депортираат.

Околу 300 лица, кои патувале од Европа кон Сирија преку Турција, биле уапсени минатиот месец на турски аеродроми и гранични премини. По извршеното сослушување било утврдено дека 173 од нив се поврзани со терористички организации, по што биле депортирани.

XS
SM
MD
LG