Достапни линкови

Германија загрижена за кривичното гонење на Заев


German Foreign Minister Frank-Walter Steinmeier

German Foreign Minister Frank-Walter Steinmeier

Германското министерство за надворешни работи смета дека со кривичното гонење на лидерот на опозицијата Зоран Заев е доведено во прашање функционирањето на демократската опозиција.

„Сојузната влада е многу загрижена за кривичното гонење на македонскиот лидер на опозицијата Зоран Заев и на уште три други лица поради наводен обид за државен удар. Функционирањето на демократската опозиција со ова е ставена под прашање.

Ги повикуваме македонските служби да ги испитаат овие сериозни обвинувања во фер и транспарента постапка и во согласност со меѓународните стандарди, во кои, се разбира, значајна е пресумпцијата на невиност.

Независноста на судството и на органите на прогонот сега ќе бидат од најголема важност ", изјави за ВЕСТ портпарол на германското Сојузно министерство за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG