Достапни линкови

Средба на лидерот на СДСМ Заев со евроамбасадорот Орав


На денешната средба на претседателот на СДСМ со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Зоран Заев го информирал Аиво Орав за последните случувања по објавата на случајот „Пуч“ и истакнал дека „не може да биде уцена и обид за државен удар легитимно барање на лидер на опозиција за формирање техничка влада, која би обезбедила услови за спроведување фер и демократски избори“.

Заев, како што соопштува СДСМ, на средбата ја обвинил власта за „контрола на судството и медиумите и го оквалификувал како непрофесионално и необјективно известувањето за последните настани со малку простор за опозицијата“.

Претседателот на СДСМ му соопштил на амбасадорот Орав дека СДСМ „ќе објави се што има и оти ќе продолжи легално и легитимно да се бори, според соопштението, за конечно враќање на слободата и демократијата во Република Македонија“.

XS
SM
MD
LG