Достапни линкови

Египетскиот суд потврди 183 смртни казни


Судот во Египет ги потврди смртните казни за 183 поддржувачи на забранетото Муслиманско братство. Судот во Каиро издаде прелиминарна пресуда против 188 обвинети, во масовниот судски процес за убиствата на најмалку 11 службеници во нападот на полициската станица во август 2013 година.

Нападот се случи во операција на воените сили против демонстрантите кои протестираа против соборувањето на исламистичкиот претседател Мохамед Морси во јули 2013 година. Судот денеска ја намали смртната казна за малолетникот, кој доби 10 години затвор. Судот исто така ослободи две други лица и ги отфри обвиненијата за две лица кои се починати. На пресудите може да биде поднесена жалба.

XS
SM
MD
LG