Достапни линкови

Сомнежи за транспарентна судска постапка за „Пуч“


Протест на граѓани незадоволни од постапките на обвинитетите во акцијата „Пуч“

Протест на граѓани незадоволни од постапките на обвинитетите во акцијата „Пуч“

Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски вели дека не постои правна можност во меѓувреме да и се забрани на опозицијата на прес конференции да го објавува тоа што го има. Но тој се сомнева во транспарентноста на судската постапка бидејќи делото за кое се товари, односно шпионажа не дозволувало таков третман.

Целосниот пресврт во очекувањето на најавената бомба од Зоран Заев што се случи викендов откако стана осомничен за кривично дело, го отвора прашањето дали информациите што тврди дека ги има воопшто ќе бидат обелоденети.

Од СДСМ денеска велат дека нема што повеќе да коментираат од тоа што нивниот лидер го кажа во саботата.

„Во периодот што следува јавноста ќе биде запознаена со сите докази што ги имаме, ќе им покажеме на граѓаните како власта ја уништува Македонија”, рече Заев во саботата.

Од она што се знае досега тој е осомничен за кривичните дела шпионажа и насилство спрема претставници на највисоки државни органи. Во кривичниот законик за шпионажата се предвидува затвор од најмалку една до десет години, а за второто дело најмалата казна е четири години.

Заев тврди- Јас ќе дадам податоци, кои не се однесуваат на безбедноста на државата, туку податоци за делувањето и работата на поединци од власта, што значи дека тоа е во друга сфера, да речеме во сферата на злоупотреба, сфера на кршење на законот, а никаде не вели податоци со кои ќе се загрози уставноста на Република Македонија.

Од Обвинителството уште во саботата соопштија дека е донесена наредба за спроведување на истражна постапка против четворицата осомничени, а денеска од таму велат дека се уште немаат поведено обвинение оти е премногу рано и се во фаза на сослушување на лицата и прибирање докази.

Но, колку е можно и покрај ветената од премиерот јавна и транспаретна судска постапка да биде спречено информациите за кои тврди дека ги има Заев да се појават во јавноста? Поранешниот јавен обвинител Јован Трпеноски вели дека не постои правна можност во меѓувреме да и се забрани на опозицијата на прес конференции да го објавува тоа што го има. Но тој се сомнева во транспарентноста на судската постапка бидејќи делото за кое се товари, односно шпионажа не дозволувало таков третман.

„Не може да се ограничи кога веќе е почната постапката, која е почната врз тие документи, значи тоа е појдовното од кое се тргнало да се одлучи дали против некого ќе се води постапка. Заев тврди- Јас ќе дадам податоци, кои не се однесуваат на безбедноста на државата, туку податоци за делувањето и работата на поединци од власта, што значи дека тоа е во друга сфера, да речеме во сферата на злоупотреба, сфера на кршење на законот, а никаде не вели податоци со кои ќе се загрози уставноста на Република Македонија“, вели Трпеновски според кој е неприфатливо премиерот и министерот да даваат оцени за валидноста на доказите бидејќи како што вели никој надвор од судството и обвинителството не може да го стори тоа.

Доколку класификацијата на кривичното дело е шпионажа и соработка со тајни разузнавачки служби, тешко може да се очекува некаква транспарентност.

И според поранешниот пратеник и адвокат Насер Зибери тешко е да се очекува транспаретност.

„Доколку класификацијата на кривичното дело е шпионажа и соработка со тајни разузнавачки служби, тешко може да се очекува некаква транспарентност, бидејќи судот сигурно дел од содржината на обвинението ќе го класифицира како информации од доверлив државен карактер“, вели Зибери.

Во меѓувреме во јавноста се појавија и мислења дека на лидерот на опозицијата треба да му се суди за велепредавство. Во членот 305 од кривичниот законик за ова дело се наведува дека тој што со употреба на сила или сериозна закана ќе се обиде да го измени уставниот поредок на Република Македонија или да ги собори највисоките државни органи, ќе се казни со затвор најмалку пет години.

  • 16x9 Image

    Фросина Димеска

    Родена е 1980 година во Скопје. Со новинарство се занимава од 2004 година кога почнува да работи како постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје.
    Во периодот од 2008 година до почетокот на 2014 година работи прво како новинар во телевизијата Алсат М а потоа во дневниот весник Нова Македонија.

XS
SM
MD
LG