Достапни линкови

Ваши коментари за илјадниците евра за патни трошоци


Текстот дека некои народни избраници месечно само за бензин инкасираат онолку колку што еден просечен работник заработува за половина, па дури и за цела година, привлекол најмногу коментари.

Ех, оваа моја чудесна земја, ќе напише Анонимен, коментирајќи ја информацијата дека некои народни избраници месечно само за бензин инкасираат онолку колку што еден просечен работник заработува за половина, па дури и за цела година.

Навистина е трагично за обичниот чесен човек кој работи за да преживее и кој сознанијата за грабежот што му го прави ДРЖАВАТА ги зема при срце, се нервира и умира од јад и неверување дека нешто во оваа бедна земја може да биде подобро.

Некој потпишан со Бедник коментира дека тоа навистина е трагично за обичниот чесен човек кој работи за да преживее и кој сознанијата за грабежот што му го прави ДРЖАВАТА ги зема при срце, се нервира и умира од јад и неверување дека нешто во оваа бедна земја може да биде подобро.

„Старите умираат од нервози, младите бегаат во странство. Тежок мрак се надвиснал над Македонија“, заклучува Бедник.

Инспириран од познатата „Т'га за југ“, Незабеган напишал нова песна со наслов: „Т'га за 23.000 долари“ која завршува со стихот: „...Тамо по наредба закони да кројам/Грујо дур владее ја пари да бројам“.

Катерина Филипова извикува: „Си го сакам дома!“, веројатно за својот син за кој вели дека во странство нашите деца го заработуваат минималецот од 9.600 за три дена. „Како сега да го убедам да се врати?“

Т'га за 23.000 долари“ која завршува со стихот: „...Тамо по наредба закони да кројам/Грујо дур владее ја пари да бројам.

Мики забележува дека само за пратениците не важат антикризните мерки и домаќинското работење. Тој реагира на пишувањето на новинар на порталот Република кој објавил податоци за 2012, 2013 година, а само Бонева не ја спомнал. „Нападот врз пратеници од СДСМ не е ништо друго освен опструкција на вистината, збеснаа...“, констатира Мики.

По информацијата дека Македонија го платила долгот кон ОН по што ѝ е вратено правото на глас во светската организација, Петра со дестинација Белград тврди дека: „Не само во ОН, Македонија никаде не плаќа, од секаде се добиваат писма со кои нѐ потсетуваат дека треба да платиме...“, тврди Петра.

Посетител на нашата веб-страница потпишан со Не-аналитичар коментира за тоа дека евроскептицизмот кај нашите граѓани е сѐ поголем, па причината ја наоѓа во фактот што пристапот до информации од ЕУ во земјава е ограничен поради манипулациите од страна на власта, а ставот кај граѓаните се гради врз основа на тој пристап.

„Се оди дотаму што се укинуваат ТВ канали со информации за животот во ЕУ и во другиот демократски свет. Народот е во мрак во секоја смисла“, тврди Не-аналитичар, кој во исто време ја критикува и Унијата затоа што и нејзините членки не се напрегаат многу во однос на нас.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG