Достапни линкови

logo-print

Сириза ќе ја разбуди левицата во Македонија


Промените кои ќе ги донесе Сириза во Грција можат позитивно да влијаат и врз македонската левица, вели Соња Стојадиновиќ.

Што значи враќањето на левицата на високите политички позиции во Грција?

Самата економска и политичка ситуација во Грција и во времето на владеењето на Нова демократија и во времето на владеењето на Пасок заедно со големата економска криза која ја зафати создаде услови за враќањето на левицата во Грција и создаде слика и убаво реално објаснување дека сите промени и проблеми и решавање на создадените проблеми од страна на претходните партии на власт, покажа дека тие немаат никакво решение за проблемите и создаде услови за доаѓање на нешто сосема ново, ново движење, нова партија, нова политичка идеологија и нешто што за некои политички рамки може да е ригидно, но во оваа ситуација е многу потребно за Грција и дури малку пошироко за регионот.

Може ли доаѓањето на власт на Сириза да предизвика слични такви потреси или такви промени во останатите земји во Европа или сепак прелевањето на политичките феномени преку граници оди малку потешко?

Главната причина за доаѓањето на Сириза на власт е страшната економска криза која ја погоди Грција и високите камати и кредити кои тие треба да ги вратат со цел да се опорават. Таквата економска криза не е својствена сама за Грција, туку е својствена и за други земји членки на Европската унија, како Португалија и Шпанија. Левичарските движења, дури и левичарски партии може да се појават и во Португалија и во Кипар, кадешто се случија истите економски проблеми и кадешто веќе и левичарското движење станува подоминантно и пораширено.

Во тој контекст какви промени може да донесе победата на Сириза во Македонија, односно може ли да изврши какво било влијание врз македонската левица?

Мислам дека има основа, има и причина, има и кадар да се појават поголеми движења и да се разбуди левицата во Македонија која беше во длабок сон, некаде од осамостојувањето на Македонија досега. Таквите движења, таквите промени кои ќе ги донесе Сириза во Грција, мислам дека ќе имаат позитивни импликации за будењето и активноста на левицата во Македонија.

Во секој случај тешко е да зборуваме за пресликување, затоа што Грција е земја членка на ЕУ, додека Македонија сака тоа да биде и проблемите во Грција и тие во Македонија немаат исти корени и немаат иста специфика. Што мислите за тоа?

Сметам дека економската криза во Грција е многу слична на македонската криза, затоа што таквите промени посебно во делот на работничките права треба да се воведат и во Македонија и иако нашата криза и кризата во Грција не се создадени од иста причина, обликот и видок и раширувањето и степенот на кој се разви кризата е многу сличен на грчката криза, така што сметам дека тие економски и политички мерки кои Сириза сака да ги реализира би биле многу апликативни за Македонија.

  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG