Достапни линкови

logo-print

Њујорк тајмс: можно снабдување на Украина со оружје


Весникот „Њујорк тајмс“ пишува дека американската администрација и воени претставници ја разгледувале можноста од снабдување со одбранбено оружје на Украина чија влада се бори со проруските сепаратисти на истокот на земјата. Во написот се прецизира дека расте бројот на американски официјални лица, вклучувајќи ги и државниот секретар Џон Кери и командантот на Здружениот штаб на американската војска генерал Мартин Демпси, кои се за снабдување на Украина со оружје. Досега администрацијата на Обама ја има ограничено воената помош на Украина само на несмртоносни видови опрема.

XS
SM
MD
LG