Достапни линкови

logo-print

Вонредна состојба во источна Македонија


Во источна Македонија е прогласена вонредна состојба и евакуација на населението кое живее во близина на реката Брегалница, почнувајќи од село Истибања, Кочани, Чешиново-Облешево и Штип. До ова дојде по изобилните врнежи од дожд и по излевањето на браната Калиманци што, според очекувањата, би можело и за 15 метри да го зголеми нивото на реката Брегалница. На терен се екипи на Министерството за внатрешни работи, Армијата на Македонија и другите надлежни институции. Проблеми со невремето има и во Пелагонија каде што неколку илјади хектари биле под вода.

XS
SM
MD
LG