Достапни линкови

Ослободен еден од затворените новинари на Ал Џазеира во Египет


Австралискиот новинар Питер Гресте од телевизијата Ал Џазеира денеска го напушти Египет неколку часа откако беше ослободен од затвор. Тој беше уапсен во декември 2013 година, заедно со уште двајца колеги од Ал Џазеира - Мохамед Фахми и Бахер Мохамед, под обвиненија за ширење лажни вести.

Телевизијата го поздрави ослободувањето на Гресте, велејќи дека нема да се смири додека и другите двајца нивни вработени не бидат ослободени.

Кратко по ослободувањето на Гресте, вереницата на Фахми рече дека неговото ослободување и депортација во Канада се „во финална фаза“.

Фахми има египетско и канадско државјанство, додека Мохамед е египетски државјанин. Гресте и Фахми се осудени на по седум години затвор, додека Мохамед на 10 години.

Тие беа обвинети за соработка со забранетото Муслиманско братство по соборувањето на претседателот Мохамед Морси во 2013 година. Новинарите ги негираат обвинувањата и тврдат дека процесот против нив бил фарса.

XS
SM
MD
LG