Достапни линкови

logo-print

ЗНМ - Обвинителството прави невешт театар со Кежаровски


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро ја осудува жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција на одлуката за условен отпуст на новинарот Томислав Кежаровски како невешт театар да се одглуми правна држава и бескрупулозна игра на нерви на штета на еден невин новинар и слободата на говорот.

ЗНМ смета дека жалбата на обвинителството на условниот отпуст на Кежаровски е одмаздничка и нехумана. Тврдењето на обвинителството дека Кежаровски не ги исполнува условите за условен отпуст покажува дека оваа институција одбива да ја прифати одговорноста што две години гони невин човек, смета ЗНМ.

XS
SM
MD
LG