Достапни линкови

Боко Харам во нов напад во Нигерија


Исламистичките милитанти од организацијата Боко Харам почнаа нов напад врз градот Маидугури во северна Нигерија. Пред една недела нигериската армија го одби нападот од исламистите врз градот.

Претходно, воените сили на Чад ги нападнаа милитантите од Боко Харам во Камерун и Нигерија. Од војската на Чад соопштија дека убиле 123 милитанти во дводневните борби во северниот дел на Камерун, а притоа загинaле и тројца војници на Чад. Тие распоредија свои војници за да му помогнат на Камерун во битката со Боко Харам.

Воздухопловните сили на Чад, исто така, го бомбардираа градот Гамбору во Нигерија.

XS
SM
MD
LG