Достапни линкови

Протест против загадувањето на воздухот во Скопје


Стотина претежно млади луѓе излегоа на денешниот марш против загадувањето на воздухот во центарот на Скопје, во организација на невладината Гоу грин. Демонстрантите, кои носеа гас-маски, за симболично да покажат дека во Скопје тешко се дише, извикуваа „биди зелен“ и „сакаме чист воздух“.

„Дојде време да мораме да маршираме за да го имаме она што бесплатно сите нè следува“, велат организаторите кои маршираа прашувајќи „Кој е крив што градот ни е сив?“

Тие велат дека Скопје може е најзагаден европски град.

„Од ден на ден, нивото на ПМ10 честичките расте се повеќе и повеќе, обојувајќи го градот во сиво. Секои 10 микрограми ПМ10 честици во кубен метар воздух го зголемуваат ризикот за рак на бели дробови за дури 22 отсто , а во Скопје нивото на овие честици достигна дури и до 700 микрограми на метар кубен. Дозволеното ниво на овие честички изнесува максимум 50 микрограми на кубен метар“, велат организаторите кои бараат конкретни мерки за спречување на загадувањето.

XS
SM
MD
LG