Достапни линкови

Нови протести во Хонг Конг


Неколку илјади продемократски активисти се вратија на улиците на Хонг Конг. Ова е нивен прв поголем протест по масовните протести минатата година. Демонстрантите маршираа во присуство на многу полицајци. Засега тие не најавија дека имаат намера да окупираат клучни области од градот како што тоа беше минатата година.

Десетици илјади граѓани во септември 2014 година почнаа демонстрации со барање да се овозможат целосно демократски избори во Хонг Конг. Имаше и насилни судири со полицијата, а властите го расчистија нивниот камп каде кампуваа со месеци во декември.

Кинеските власти ветија во полуавтономната територија граѓаните да имаат право да гласаат за нивниот главен извршен функционер на изборите во 2017 година, но кандидатите ќе треба да бидат одобрени од страна на Пекинг.

XS
SM
MD
LG