Достапни линкови

Забрана за товарни возила на некои патни правци


Илустрација.

Илустрација.

Поради поголеми остатоци од снег на коловозите, забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка, крак Маврово – Дебар и на планинските премини Стража, Пресека, Барбарас и Ѓавато.

На сите овие патни правци за патничките возила се препорачува употреба на зимска опрема. На останатите патишта сообраќајот се одвива отежнато и по влажни коловози поради врнежите од снег во југозападниот дел од Македонија, додека во останатиот дел врне дожд.

Авто мото сојузот на Македонија препорачува до сите возачи да не тргнуваат на пат во ноќните часови доколку немаат итна потреба.

XS
SM
MD
LG