Достапни линкови

logo-print

Кобани преземен од рацете на милитантите


Кобани, 30 јануари.

Кобани, 30 јануари.

Американскиот генерал Џејмс Тери соопшти дека курдските сили успеале да ги избркаат милитантите од Исламската држава од северниот сириски град Кобани.

Тери, командант на Комбинираната заедничка работна група, која ги спроведува воздушни напади против ИД, изјави дека „курдските копнени сили, со поддршка на воздушните напади на здружените сили биле успешни во преземањето на Кобани.

Американскиот државен секретар Џон Кери оцени дека преземањето на градот од страна на курдските борци е голема работа. Курдските сили од летото се бореа против милитантите на ИД за контрола на Кобани.

XS
SM
MD
LG