Достапни линкови

Иванов на погребот на Жељу Желев


Поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Поранешниот бугарски претседател Жељу Желев.

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Софија ќе присуствува на погребот на поранешниот бугарски претседател Жељу Желев, кој почина во петокот.

Желев во 2010 година беше одликуван од претседателот Иванов со Орден „8 Септември“ за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена Република Македонија од страна на Република Бугарија.

Во писмото со сочувство од претседателот Иванов испратено до бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, се наведува дека Желев бил докажан пријател на Република Македонија, но и негов личен пријател.

XS
SM
MD
LG