Достапни линкови

logo-print

Заев-Дрзок обид за да се спречи објавување на доказите


Денешната пресконференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Денешната пресконференција на лидерот на СДСМ Зоран Заев.

Во преполната сала во партиското седиште на СДСМ претседателот на партијата Зоран Заев негираше дека аргументите и доказите ги добил од странска служба, туку како што рече тие се добиени од загрижени граѓани за слободата и демократијата во Македонија. Денешната реакција на владата ја оцени како дрзок обид да се спречи објавувањето на доказите за кои како што рече, биле за кршењето на законите и Уставот. Тој најави дека без разлика на кривичната пријава против него ќе објават тоа што поседуваат. Ја повика меѓународната заедница да го следи случајот. Пресконференцијата беше проследена со извици лопоп, лопов при спомнувањето на името на премиерот Никола Груевски и со скандирања Зоки, Зоки и Македонија. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е осомничен за подготовка на пуч и шпионажа.

XS
SM
MD
LG