Достапни линкови

Голем пожар во една од најголемите библиотеки во Русија


Владимир Фиртов, претседател на Руската академија на науките.

Владимир Фиртов, претседател на Руската академија на науките.

Голем пожар избувнал во една од најголемите библиотеки во Русија, каде што се чуваат илјадници ретки и историски документи.

Владимир Фиртов, претседател на Руската академија на науките, изјави дека пожарот во Институтот за научни информации и општествени студии во Москва започнал доцна синоќа и опустошил голем дел од библиотека.

Министерството за вонредни ситуации соопшти дека повеќе од 200 пожарникари ангажирани да го гаснат пожарот.

Директорот на библиотеката Јуриј Пивоваров изјавија дека пожарот во Институтот, каде што се чуваат повеќе од 10 милиони документи и текстови е „катастрофа“.

Тој рече дека не се знае колкава штета е направено, но главната архива каде што се чуваат ретки средновековни словенски текстови го избегала уништување.

XS
SM
MD
LG