Достапни линкови

Протести во Шпанија против мерките за штедење


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Десетици илјади Шпанци протестираа денеска во Мадрид против мерките за штедење, на демонстрации организирани од левичарска партија Подемос. Демонстрантите вееја грчки знамиња на митингот, споредувајќи ги нивните барања со политичките барања на крајно левичарската партија Сиризза која победи нанеодамнешните избори во Грција.

Демонстрантите извикуваа: „Да, ние можеме“ и Тик-так, тик-так“, укажувајќи дека истекува времето за централно-десничарската влада која го намали буџетот на земјата и ги намали социјални програми.

Подемос е основана пред само една година, но освои пет места на изборите за Европскиот парламент во мај. Партијата е на врвот на анкетите пред локалните и националните избори закажани за подоцна оваа година.

Економијата на Шпанија беше во сериозна рецесија и оптоварена со висока стапка на невработеност во последните седум години, но во моментов има една од најбрзо растечките економии во еврозоната.

XS
SM
MD
LG