Достапни линкови

Циклонот Давид не остави штети зад себе


Циклонот Давид не остави штети зад себе во текот на ноќта и претпладневните часови во штипскиот регион, но и на територијата на цела држава, информира денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. Екипите на Дирекцијата за заштита и спасување и на остантите институции ќе останат на теренот, каде што се можни излевање на реките.

Според информациите од УХМР, во текот на попладневните часови и преку ноќта врнежите ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат над 40 литри на метар квадратен дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и се очекува зголемување на снежната покривка.

Ќе дува засилен, повремено силен југозападен ветер, кој на места ќе достигнува брзина над 80 километри на час. Потоа продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините снег со послаб интензитет.

Според информациите за хидролошката состојба, подземјето веќе е полно со вода, така што би немало доволно капацитет целосно да ги прими наредните врнежи од дожд. Како резултат на состојбата се очекува сливните подрачја, доста брзо да реагираат на најавените врнежи и водостоите нагло да пораснат.

Надлежните институции се во постојана координација и комуникација со цел благовремено да се превземаат превентивни мерки потребни за избегнување од евентуални несакани последици.

XS
SM
MD
LG