Достапни линкови

Преговарачите за кризата во Украина пристигнаа во Минск


Претставници од Украина, Русија, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и про-руски сепаратисти се собраа денеска во Минск во нов обид за повторно отворање на разговори за конфликтот во Украина.

Поранешниот украински претседател Леонид Кучма, амбасадорот на Русија во Украина Михаил Зубарав и претставникот на ОБСЕ Хајди Таглиавини се забележани како се упатуваат кон Минск по нивното пристигнување на аеродромот. А двајца претставници на про-руски сепаратисти пристигна порано.

Руската новинска агенција Интерфакс во меѓувреме цитира анонимен извор кој вели дека Кучма сака да се сретне само со сепаратистичките лидери кои го потпишаа претходниот договор во Минск во септември, Александар Захраченко и Ухор Плотнитцки. Изворот вели дека ако лидерите на сепаратистите не се појават „ Кучма може да го напушти Минск и да се врати во Киев“. Инаку во Минск се пристигнати други претставници на сепаратистите.

Средбата во Минск дојде во услови кога се зголемува бројот на загинати од борбите меѓу владините трупи и про-руски бунтовници во источниот дел на Украина.

Во меѓувреме украински официјални лица изјавија дека 15 војници и тројца цивили се убиени во последните 24 часа во источниот дел на Украина, додавајќи дека судирите биле особено интензивни во Доњецк.

XS
SM
MD
LG