Достапни линкови

Насилен протест во Кабул против Шарли Ебдо


Во Кабул денеска се одржаа насилни протест против францускиот сатиричен магазин Шарли Ебдо за објавување на карикатура на пророкот Мухамед.

Локалните медиуми наведуваат различни сведоци како вели дека околу 500 луѓе излегле на улиците на главниот град, извикувајќи „Смрт за Франција“ и „Смрт за непријателите на исламот“. Според локалните медиуми две лица биле убиени, а тројца повредени за време на протестите.

Според полициски извори, протестот се претворил во насилен кога демонстрантите ги нападнале полицајците со запалени гуми, камења, а потоа и со огнено оружје. Полицијата негира дека имало смртни случаи, велејќи дека две лица биле повредени.

Ова е трет протест против француското списание во Кабул, но прв што резултира со насилство.

XS
SM
MD
LG