Достапни линкови

Заев - Нема да го спречат објавувањето на „бомбата“


Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека кривичната пријава против него поради сомнеж за „загрозување на уставниот поредок и недемократско преземање на власта“ е само „дрзок и безобразен обид на власта да го спречи објавувањето на докази и аргументи“.

„Поради тоа што постои целосна спрега меѓу МВР, Обвинителството и судството, ја повикувам меѓународната заедница да се вклучи во целиот процес, поради тоа што се работи за слободата и демократијата во земја-членка на ОН и земја кандидат за членство во ЕУ и да се произнесат и да помогнат во враќањето на слободата и демократијата во Македонија“, изјави Заев за Радио Слободна Европа.

Тој вели дека ништо нема да го спречи да ја објави „бомбата“.

„Дури и Заев и половина Македонија да ја притворат и осомничат, вистината ќе ја знаат сите и нема да успеат да го спречат објавувањето“, вели Заев во кусата телефонска изјава за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG