Достапни линкови

Меркел - Не треба да има отпишување на долгови на Атина


Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека не треба да има отпишување на долгови на Атина, еден ден откако новиот грчки министер за финансии Јанис Варуфакис објави дека веќе нема да соработува со ревизорите од таканаречената „тројка кредитори“ - Европската комисија, Европската централна банка и ММФ.

На напнатата заедничка прес-конференција со шефот на Еврозоната, Јерун Дајсолблум, вчера во Атина, Варуфакис рече дека Атина е подготвена да преговара со кредиторите, но не и со тројката ревизори, за кои рече дека биле само „комитет изграден на скапани основи“.

Меркел денеска за весникот Хамбургер Абендблат рече дека не предвидува ново откажување на долгот.

„Веќе имаше доброволно простување на долгот од приватни кредитори, банките веќе намалија милијарди од грчкиот долг“, вели Меркел.

Грција треба да добие уште 7,2 милијарди евра заем од еврозоната, но Варуфакис рече дека неговата влада ќе ја отфрли таа транша.

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања Пјер Московици во меѓувреме рече дека Европската комисија ќе направи сè за да ја спречи Грција да ја напушти еврозоната.

XS
SM
MD
LG