Достапни линкови

logo-print

СОНК јавно го повикува Адеми на средба


Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК.

Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование, наука и култура, СОНК.

Претседателот на СОНК Јаким Неделков преку јавна покана го кани министерот за образование Абдилаќим Адеми утре да дојде на седницата на Советот на Синдикатот. Во повикот се вели дека на ваков чекор се одлучиле оти досега многу пати му биле испраќани покани на министерот, но тој никогаш не дошол. Седницата треба да се одржи утре (1 февруари) во седиштето на СОНК во Скопје.

Неделков во повикот пишува дека ако дојде министерот, тој ќе го има почетното обраќање на седницата и можноста да им објасни на членовите зошто е потребно да се прекине штрајкот, за после да има преговори со СОНК.

Понатаму се наведува дека ако дојде министерот ќе има можност да објасни зошто барањата на штрајкувачите за поголеми плати се нереални, иако, како што пишува Недлеков, тие се најниски од сите европски држави.

„И за жал, сосема на крај, Ви ветувам, ако навистина изнесете аргументи со кои ќе не убедите дека сме погрешиле, што на гарантирано право со Устав, но и вродено човечко право за одбрана на сопственото достоинство се одваживме да побараме нешто за што Ви ги презентиравме нашите аргументи, а досега единствено имаме добиено одговор дека ниедно од нашите барања не се реални, па и дури преку Ваши гласноговорници, дека се штетни и за самите нас. Во таков случај ќе Ве испратиме со аплауз“, стои во јавниот повик на Неделков до Адеми.

Неделков потсетува дека веќе втора недела огромен број на членови на СОНКсе во штрајк.

XS
SM
MD
LG