Достапни линкови

Протести во Пакистан поради убиство на верници во џамија


Илјадници шиитски муслимани денеска во Пакистан протестираат против убиството на 61 човек во самоубиствен бомбашки напад во џамија. Експлозијата се случи на 30 јануари во џамија во областа Шикарпур во јужниот дел на провинцијата Синд, додека стотици верници присуствуваа на петочната молитва. Полицијата денеска соопшти дека експлозијата била предизвикана од бомбаш-самоубиец, кој го активирал експлозив врзан за своето тело во средината на џамијата. Денеска во провинцијата е прогласен дел на жалост.

XS
SM
MD
LG