Достапни линкови

Киев се надева на преговори со сепаратистите


Украина се надева дека ќе се одржат разговорите со сепаратистите за примирјето закажани за денеска и покрај заветот на бунтовниците дека ќе продолжат со најновата офанзива во источна Украина, ако преговорите пропаднат. Новата рунда преговори во Минск беше договорена за 30 јануари, но средбата беше одложена поради несогласувањата околу тоа кој треба да ја претставува страната на бунтовниците.

Вчера претседателот на Украина Петро Порошенко во телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, потврдил дека е потребен „итен прекин на огнот“. Во меѓувреме, американскиот Стејт департмент соопшти дека државниот секретар Џон Кери ќе отпатува за Украина на 5 февруари, за да изрази американската поддршка за владата.

XS
SM
MD
LG