Достапни линкови

Вучиќ - Србија не мора да бира меѓу Русија и ЕУ


Српскиот премиер Александар Вучиќ вели дека Србија не мора да бира меѓу Русија и ЕУ, бидејќи тоа веќе го направила и се наоѓа на патот кон Унијата, што е стратешка цел на земјата и нагласи дека сака добри односи со соседите, бидејќи без стабилност нема ни напредок во регионот.

Во интервју за денешното издание на виенскиот весник „Пресе“ Вучиќ потенцира дека Србија сака освен членството во ЕУ да ги сочува и традиционално добрите односи со Русија.

Српскиот премиер истакна дека засега не постои притисок од ЕУ на Белград да се приклучи кон санкциите против Русија, укажувајќи дека земјата во следните години ќе мора својата надворешна политика да ја хармонизира со онаа на Унијата.

Вучиќ се заложи за решавање на проблемите на српското население во Косово и рече дека следната средба во рамките на дијалогот Белград Приштина ќе биде одржан на 9 февруари во Брисел.

XS
SM
MD
LG