Достапни линкови

Хејгел - На Ирак може ќе му требаат американски копнени сили


Американскиот секретар за одбрана во заминување Чак Хејгел изјави дека можеби би имало потреба САД да испратат неборбени копнени сили во Ирак за да помогнат во поразувањето на милитантите на Исламската држава. Хејгел, кој ја објави својата оставка во ноември, вчера,(30 јануари) за Си-Ен –Ен, изјави дека за Ирак треба да се земат сите опции во предвид, па и испраќање војници кои нема да имаат борбена улога, односно ќе служат за собирање на разузнавачки информации и за лоцирање на милитантите на ИД.

Генерал Мартин Демпси, началник на Генералштабот на здружените сили, минатата година пред Конгресот изјави дека американски војници можеби ќе мора да преземат поголема улога во Ирак.

Во Ирак веќе има 4.500 американски војници кои работат на обуки и советувања.

XS
SM
MD
LG