Достапни линкови

Врнежите го отежнаа сообраќајот


Сообраќајот на патиштата се одвива по влажни коловози. Слаб снег провејува во Крива Паланка, Попова Шапка, Маврово, Охрид, Крушево, Буково, Плетвар и Пресека. Во останатиот дел од Македонија има слаби врнежи од дожд.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица, како што соопшти АМСМ, во прекин се патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.

Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

На регионалниот пат од Жировничко Анче кон Бошков мост на повеќе места има одрони од камења. Одрони има и на локалниот пат од Ростуше кон Велебрдо и Требиште.

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за сите останати возила задолжителна е зимска опрема.

Поради оштетување на средниот столб на мостот на реката Пчиња, на патниот правец Ржаничино – Д.Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Забраната за движење, поради свлечиште кај селото Ратавица, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип се уште е во тек.

АМСМ препорачува внимателно возење, посебно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

XS
SM
MD
LG